ВИДЕО ГАЛЕРИЈАЕ-маилГлупостиНаградна ИграEnglish Version
PowWeb Hosting
Некој Мисли Поинаку
Life Radio 89,1 FM - Click Here to  Listen!
dnb.com.mk
Kandit
terapija.net - [dћepni] e-zine o zvuku & slici
acid wear
plagij.at
SkopjeClubbing
Нека Xmkd.com биде моја почетна страна! Нека Xmkd.com биде една од моите омилени вебстрани! статистика

 

 

денеска е:
За постари ГЛУПОСТИ клик овде!!!

xmkd http://www.macedoniathebook.com/

http://www.macedoniathebook.com/
Книгата се однесува на едно истражување кое го спроведе г-ца Роберсон во 2003 година во Македонија. Со длабок поглед и извонредна, непристрасна острина, Хедер успева во потполност да се соживее со македонскиот граѓанин, со состојбите во пост-Охридскиот период и времето кога на цивилите им беше дадена можноста да се ослободат од нелегалното оружје во рамки на Националната кампања за доброволно предавање на нелегалното оружје која ја спроведоа УНДП и македонската влада.
blog-intro.jpgПритоа, авторите на книгата навлегуваат во културната и социјалната структура на Македонија, пластично опишувајќи го комплицираното секојдневие на нашиот човек на јазик и стил близок до секој читател, без оглед на која географска широчина се наоѓа. Бравурозно се опишани ситуации и состојби кои се слика на процесите во Македонија. Хедер навлегува во психологијата на македонскиот граѓанин со таква леснотија како да е родена тука, кај нас. Предрасудите, мислењата и атмосферата се предадени во манир на одличен познавач и голем писател.
Хедер Роберсон

Сега е на ред уште една информација, драги пријатели. Оваа книга е... Стрип! Текстот е илустриран со стрип. И тоа, не кој и да е стрип цртач, туку самиот Ед Пискор. Не помалку важно е да се знае дека издавач на овој оригинален проект е светски познатиот Вилард.
___________________________________

xmkd Drum`n`Brass Trio и Death Disco доаѓаат на Plagijat turns 2!!

The John

Со особена чест и задоволство сакаме да ве известиме за најновото освежување на листата на изведувачи на фестивалот PLAGIJAT TURNS 2. Потврдени се настапите на несекојдневниот и оригинален проект наречен DRUM'N'BRASS TRIO од Скопје и на еден од најталентираните балкански бендови сплитско-загрепските DEATH DISCO. Повеќе...

The John
ВЛЕЗНИЦИТЕ за Plagij.at turns 2 ќе бидат пуштени во продажба на 15 август (среда) во Југотон и кафе Лаика (останатите продажни места во Скопје и низ Македонија ќе бидат објавени наскоро).
Цената на влезниците од 15.08 до 26.08 ќе изнесува 300 денари, од 27.08 до 31.08 - 350 денари, а на денот на фестивалот - 400 денари.
__________________

xmkd Плагиј.ат призентс: PLAGIJ.AT TURNS 2!!!

Atheist Rap

Имено како последица на добрите природни дојки од кои цицавме изминатава година, нашите организми станаа доста издржливи и моќни и ние задаваме удар, малку посилен од претходниот, здебеленки од белковините, силни во мислите, издржливи со ноџињата се затрчавме кон големиот извор! Извор на љубов, музика, дружење, пиво, адреналин, среќа, пропуштени повици, флертувања, пријатели, добар звук, тишина, патување, други димензии, ликови кои не постојат, цветови, топлина, грижливост, солзи, смеа...
Во моментов градиме простор со кој ке му дадеме живост на изворот! Тој почна да лади во овие жешки денови, и во час станува се појак и појак! Немаше да го најавуваме овој трансцедентален извор ако тој во себе не содржи ендемични видови, кои ние заедно, вклучувајќи те и тебе драг читателу ќе се обидеме да го зачуваме и прочистиме од грубоста на овој свет. Повеќе...

_________________________________________

xmkd Свирка

____________________________________

xmkd AFTER THE MASSACRE & ARSONIST свирка

After the massacre се краст бенд од Англија. Ќе настапат во Скопје во клубот Кастро на 31ви мај. Како домашна поддршка ќе го гледаме скопскиот old school d-beat состав Arsonist. Влезот е 150 ден со почеток во 21h. Се гледаме таму!
____________________________________
xmkd Avantgarde
Design matters...
_____________________________
xmkd E Go East Records
KALAP vo Castro 17 Maj 2007 21 h
Karta 150
So CD(200) vlez free
_____________________________
xmkd NEKOI HAIKU PESNI
Фатал Еррор
Ми падна Икспено,
од лош драјвер,
требат рестарт.
Фатал Еррор 2
Слабо врвит Интернетов
ми велит сајт нот фоунд
требат рестарт

Фатал Еррор 3
Немат место ми велит,
дали немат меморија или
требат рестарт.

Времено
Не врвит времено,
плус четереесе и пет е,
кај ќе врвит?
Свети Наум
Комарецон зуит,
Ето го потака кај испари,
на апаратон против комарци

Небо
дождон врнит,
не престанвит,
кај ојт водана. да знам.
Ми се јајт
Ми се јајт пудинг малу
овоштен ил чоколаден,
само то ме мачит.

Ме болит снагава
ме болит главава од пијање
не ми се ојт на работа
пак ќе глумам реума
_____________________________
xmkd Dynamite Surfing vo Moskva.
klik to download
Inovative thinking... klik na slikata.
_____________________________
xmkd Placebo на 12 јуни у Скопје!
Па нема шо поише да се каже... точната локација уште не се знае, а најавуваат уште поголема фешта од тоа шо се деси на концертот у Париз 2003... кој не го гледал.. нека го гледа негде :) Еден од моите омилени бендови на 12 јуни у Скопје. Нека не ви е гајле колку кеш ќе биде карта, овој концерт дефинитивно (ама стварно) ќе го памтите цел ебан живот. Значи тоа е тоа, свршавајте до тоаш па се глеаме :)
_________________________________

xmkd РАДИО-РЕЖИЈА фанзин

Во недела на 18 март во Лудница со почеток во 17:00 ќе се одржи бенефит настан со цел промовирање и прибирање средства за новиот Скопски анархо/хард кор фанзин Радио-Режија. Дојдете и погледнете го најдобриот филм кога и да е снимен за еден музички бенд... INSTRUMENT за FUGAZI, јадете највкусни и најефтини веган колачиња и забавувајте се на старите добри хард кор панк хитови.
Забавата продолжува во 21:00 во Лајка
РАДИО-РЕЖИЈА
_______________________________________

xmkd The Toasters are coming...

Сакаш цд, карта, потпис и слично? Прочитај овде...
__________________________

xmkd [интервју] Girls Against Boys, opposite of a macho band

First of all, tell us something about the beginning of the band.. Who are GvsB? ...As an introduction for people that don’t know yr history..
- Girls Against Boys started as a band in New York City, although all of us were originally from Washington, DC and had played in bands in that city. Originally, under the name Soulside 3/4 of GVSB released records on Dischord Records (punk/post-punk label: Fugazi, Minor Threat, etc…). Повеќе...
_______________________________________

xmkd Core to the gorund!

____________________________________
xmkd Predavanje za hip hop

___________________________________

xmkd Ladies Night

_____________________

xmkd Неле К. во живо на Канал 103

lisec
Стотројка повторно напаѓа. Овојпат со концерт на еден од најталентираните протагонисти на новиот македонски рокенрол бран - Неле К. Неговата „Евтин автомобил“ се најде на второто место на листата на најдобри домашни синглови во 2006-та според Канал 103. Неле К., познат и како Нелетронски Гуру, заедно со својот бенд, ќе се претстави во живо во недела (4. февруари) во 22 часот, во емисијата „Тажен и прекрасен свет“ на Ѓорѓи Јаневски.

За ликот и неговото дело

Неле К, Qousque tandem, Neletronski Guru и во поново време The King of Idle се само некои од гигантски познатите имиња во позадината на кои стои еден скромен човек по име Ненад Неделков кој веќе подолго време живее и не работи во Скопје.

And now for something completely different

Неле К уште во раните години на својот живот се одвојуваше од останатите деца заради својата несекојдневна просечност, за потоа ненадејно и со остра желба за мастурбирање, да настапи периодот наречен пубертет. Патем и сосем случајно си купи гитара...
Така, откривајќи најразлични начини на самозадоволување, беа создадени незаборавните хитови на скопската гранџ ера како „Влага во уши“, „Две минути сам“ и „Нирвана ми се сра*е (а Sonic Youth се старци)“. Овие и многу полоши песни беа изведени пред публика на единствениот жив настап на групата Gods Rest In Peace која во рок од 3 години, колку што постоеше, смени двајца басисти, три бубњари и една задна гума од трактор за конечно да се распадне. За G.R.I.P. угледниот музички магазин Асфалт го напиша следново: „Настинати (... и тоа не мислам на добар начин)“.
Сепак кариерата на Неле, продолжи да се развива во сериозен правец и во годините што следеа покрај еден соло проект што беше дел и од неколку добро познати и реномирани состави од најразлични музички провиненции како la #%@#&x #i the %& The #%s од кои беше набрзо избркан затоа што беше - Тапа. Мора да се напомене и тоа дека му беше по судски пат забрането да ги користи имињата на овие состави во неговите биографии.
Ова секако не го поколеба Неле кој беше резолвиран да не работи ништо корисно во својот живот па така и ден денес успешно ја работи својата несекојдневно просечна музика. Поновите хитови како „Ова не е месо, ова е сарма“ и „Ми се расипа пеглата, па нема да можам да те изведам во диско“, секојдневно доминираат на брановите на најрелевантните радио станици.
Што уште може за Неле да се каже? Неговата музика кажува повеќе од доволно. Затоа да завршиме со зборовите од неговата поема „Ако јас не се избањам дождот ќе ме измие“:

... ова лето пун сум камен
зашто имам хитовски рефрен
уште да не живеев во Скопје
и да немав триесе...


Gwendolyne
______________________________________

xmkd Overflow фром Копривница..

оверфлоу
Формирани се во сега далечната 1990 година во Копривница. Веднаш стартуваат со голем број на проби и напорна работа. Резултат на тоа е касетата Through Department Store која кон крајот на годината излегува како издание на култната загрепска издавачка куќа Slusaj Naglasnije на легендарниот Zdenko Franjic. Почнуваат да се редат и концерти, а дефинитивно настап кој треба да се истакне е нивната свирка во KSET на 24.12.1990. Тогаш како непознат бенд за загрепската публика биле вратени осум пати (!) на бис. Повеќе...
Клик фор даунлоад:
Wasted.mp3 [4,04 мегабајти]
Doraaa.mp3 [3,17 мегабајти]
___________________________________
xmkd Mr. T-Bone во Кастро!

____________________________

xmkd Corpus Delicti Records најавува: Play it loud!!! фестивал (06.03.2007)

____________________________

xmkd Thrash Metal Massacre - 26.01.2007 vo Kastro
На 26-ти јануари во клубот Кастро ќе се одржи Thrash Metal Massacre. На мини фестивалот кој започнува во 20:00 часот ќе настапат: кумановските треш легенди Holocaust, битолчаните Medusa и уште два помлади состави: Serpentine Fire (Скопје) и Vandal (Куманово). Цената на билетите е 150 денари и истите можат да се купат на влезот во клубот. Дополнителни информации:
- За бендовите што ќе настапат: http://plagij.at/index.php?sajt=more&id=1545
- Видео клип Holocaust - Domination Of Sinners (Live @ MKC 10.02.06): http://www.holocaustband.com/DOS.mpg
- Официјална страница на Holocaust: http://www.holocaustband.com
- Повеќе инфо за Бригада: http://www.mkmetal.info/mkmetal/brigade
________________________________________
xmkd Girls Against Boys во Скопје!
Уште еден доказ дека баш се не е отидено у к*рац е следната вест која ни ја испратија од Живеј Поквалитетно. Факинг Girls Against Boys доаѓаат во Скопје следниот месец!
Во продолжение следува кратка биографија на бендот. Повеќе...
________________________________________
xmkd CASUAL ELVIS (27.01 @ Kastro)
Загрепската четворка, Casual Elvis, ќе си даде уште една шанса со нашата публика, за размена на инди-рок искуство, што ретко се нуди во македонските клубови. Повеќе...
________________________________________
xmkd Videoclips

Беше 27 во Кастро, беше Рила беа Пипси...

Фотки: link , link

Видеоклипови:

Rila:
  link
  link
  link
  link
  link
  link
  link
  link

Pipsi:
  link
  link
  link

________________________________________
xmkd Паркети и Кастро ве наградуваат!!!

Паркети и Кастро наградуваат!
Во пресрет на предновогодишното панк- рок лудило што ќе се случува во Кастро по 21:00 (во сабота), еве едно наградно прашање за чиј точен одговор Фидел лично доделува 10 билети.

Која од трите песни не е на Паркети:

1.Мравка зелена
2.Кафеави џуџиња
3.Немам што да облечам

Одговоритe праќајте ги на:

clubcastro[et]gmail.com

П.С. Покрај редовниот репертоар на Паркети, на концерот ќе чуете и уште теми на Т.Б. Трачери во паркетизирана варијанта. Зошто, ќе дознаете наскоро.

__________________________________________
xmkd Паркети предновогодишно во Кастро

Одлично предновогодишно пакетче од Кубот Кастро! Во сабота (30 декември) во клубот со почеток во 21 часот во ептен предновогодишен амбиент со свој солистички концерт ке се претстави битолската рок/панк атракција, добро познатите Паркети.
Значи.... Загревање пред главната вечер...
Клуб Кастро
Сабота 30 декември 2006
Старт 21:00
Влез 150 денари!
Среќна нова со Кастро и Паркети!

__________________________________________
xmkd STEEL TEMPLE спот.
Спотот за песната "Wake Me" е сниман во 2004 кога и излезе првиот албум со наслов „Барајќи го спасот“. Моментално во тек е снимањето на вториот албум насловен "Nobody's Slaves". Летото беа предгрупа на Whitesnake, идното лето којанзае кај ќе бидат... Клик овде за даунлоад на спотот. А овде за да ја (п)осетиш нивната мајспејс страна.
www.myspace.com/steeltemple
_____________________________
xmkd Wayne од Flaming Lips - говор на матурантите 2006...
klik
Part 1, Part 2
_____________________________
xmkd Two Sides и Летечки Пекинезери на ДРУМ!
После 50 тина веќе одржани концерти, ДРУМ турнејата продолжува со уште 20 нови датуми, од кои 10 ќе “одработат“ Two Sides, а 10 остануваат за Летечките Пекинезери. Не пропуштајте ги во Вашите градови.

Датумите се следни:

Two Sides DRUM tour Декември ’06/Јануари ’07

21.12 Велес – клуб Ноктурно
23.12 Тетово – Рок кафе
28.12 Кичевo – Анастасија (Dream Club)
29.12 Струга – Midnight
04.01 Струмица - Urban Heroes
05.01 Штип – Дом на млади
10.01 Гевгелија – Кај Сељако
25.01 Прилеп - Апореа
26.01 Охрид – Дом на култура
27.01 Битола

ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ DRUM tour Јануари ’07

07.01 Прилеп - Апореа
11.01 Тетово – Рок кафе
12.01 Кичевo – Анастасија (Dream Club)
13.01 Битола – Порта Jazz
14.01 Охрид - Jazz inn
17.01 Велес – клуб Ноктурно
19.01 Струга – Midnight
24.01 Гевгелија – Кај Сељако
25.01 Струмица - Urban Heroes
26.01 Штип – Дом на млади
_____________________________
xmkdplagijat Прва Конвенција на Тетоважи во Македонија
Ете конечно сите љубители на body art-от имаа можност во саботата во МКЦ да присуствуваат па и да си се истетовираат на првата TATTOO Конвенција во Македонија. Организатор на настанот кој траеше од 12 на пладне па се до 3 часот по полноќ беше мото клубот NIGHT WOLVES MACEDONIA. Присутни беа повеќе tattoo/piercing студија од државата па и по некое странско.
Сите желни за тетоважи и пирсинзи имаа можност да си го украсат телото до 22 часот, а потоа беа презентирани подобрите за кои жири одлучуваше кој ќе влезе во финале,а кој не. И додека тие одлучуваа, публиката се забавуваше со Fanky Punks кои имаа доста солиден избор на песнички од хит бендови.
Повеќе...
_____________________________________
xmkdplagijat Visual Noise!!
Во сабота на 16 декември 2006 во Мала станица со почеток во 20.30 часот ќе се одржи изложба во главна организација на Младински центар ПОГОН со име VISUAL NOISE, на која со свои дела ќе се претстават 22 млади автори од областа на ФОТОГРАФИЈАТА / СТРИПОТ / ГРАФИЧКИОТ ДИЗАЈН. Значајно учество во овој настан зема и групоидот трагачи по Мудрите Јарци - НМП , а дел од учесниците се приврзаници на неврзаните земји :). Нешто пред почетокот на изложбата, во 18:30, ќе се одржи трибина на тема "Создавање на поддржувачка околина за младите уметници". Повеќе...
_____________________________________
xmkdplagijat ROOT SOULJAH во Клуб Кастро
ROOT SOULJAH е деветчлен состав од Софија (Бугарија). Во музиката на овој, извинредно интересен бенд за живи настани преовладуваат Reggae, Dub, Drum’n’bass и Hip-Hop елементите. Нивното деби ЕП-ЦД излегува овој месец под етикетата на Root Rocket Label, а токму настапот во Club Castro ќе биде промоција на истото. Ден порано (петок 15-12-2006 г.) ќе настапат во тетовското Рок кафе. Домашна поддршка овојпат ќе имаат од одличните битолски ска-панкери - Промашена Инвестиција кои со својот енергичен настап, изненадија на минато годишната ска-панк-реге вечер на Таксират во МКЦ. Повеќе...
_____________________________________
xmkdplagijat Ска викенд во Кастро!
Иако можеби е рано.. уште од сега би сакале да ве информираме за ска викендот кој ќе се случува во клубот Кастро на 22. и 23.12.2006. Повеќе...
_____________________________________
xmkdplagijat Плагиј.ат призентс: PIPS,CHIPS&VIDEOCLIPS во Кастро!!!
Danas je moj sretan dan, postao sam proziran..

Секогаш првата реченица кога се најавува некој концерт е: _____ (допиши организатор) со гордост ви ги претставува _____ (допиши бенд). По некогаш тоа е точно, по некогаш е кажано колку рекламата да биде позвучна.
Сега и ние ќе искористиме сличен термин, но овој пат ... Повеќе...
_____________________________________
xmkdplagijat Таксират осмицата, 02.12.2006
Таксират е едно од ретките случувања во земјава што започнува точно на време. Па така, во 20:04 на бината се појави единствениот македонски претставник во "рокерската" хала таа вечер, скопскиот бенд Blla Blla Blla.
За жал салата сеуште беше далеку од полна. Никако да се искорени таа глупа навика на македонската публика да дојде на концерт, откако тој е веќе започнат.
И покрај полупразната (реновирана) хала на скопски саем.. Blla Blla Blla со својот одличен настап покажаа дека се еден од нашите најдобри бендови. Свират модерна музика каква што е вистинска реткост да се чуе во земјава. За жал. Повеќе...

Клипчиња: 01,02,03,04,05,06
_____________________________________
xmkdplagijat Иги анд Грујо
iggy pop and nikola gruevski
iggy pop and nikola gruevski
Како и да е..... Иги Поп е во Скопје. Човекот пристигна на Скопскиот аеродорм денес. По пристигнувањето целата група Стуџис и Иги Поп беа примени од страна на премиерот г-дин Никола Груевски. За што по конкретно разговарале незнаеме, а се надеваме дека ќе дознаеме. :))))))
_____________________________________
xmkdVITRIOL LIVE
_____________________________________
xmkd Zlocin iz strasti
_____________________________________
xmkdplagijat This Home Is Prepared + The Now Denial @ Club Castro
Приказната околу The Now Denial започнува некако вака: трактор-влечачка машина, пидбул и шише шампањ со јагоди. Односно од умрените остатоци на неколку бенда околу 2000та година момциве се собираат во една дружина со цел да го освојат светот. Планиран како пријателски бенд за зезање помеѓу нив и другарите, бендот за кратко време почнува да се менува и станува поозбилен, и сваќаат дека ова нешто што го направиле е сериозна работа. По околу 3-4